Деловно - правен/на советник/чка

Additional Locations MK-Skopje
Posted Date 3 days ago(24/12/2024 13:03)
National Association
Macedonia
Function
Administration
Position Type
Limited Full-Time

 

🌟 Придружете се на СОС Детско село како ДЕЛОВНО - ПРАВЕН/НА СОВЕТНИК/ЧКА 🌟

 

📍 Локација: ул. Ристо Шишков бр.31, Центар, Скопје  

 

🔍 Вашата улога: Деловно-правниот/ната советник/чка е одговорен за следење на законските прописи и нивна имплементација со цел законско работење на организацијата. Одговорен/на е за усогласување на актите на организацијата согласно законски прописи и нормативи.

 

💡Вачите задачи и одговорности:

  • Анализа, ревидирање и учество во изготвување на сите видови правни акти за потребите на организацијата и нејзините правни субјекти
  • Дава стручна поддршка на усогласување на работењето од правен аспект според законската регулатива која се однесува на дејноста на организацијата;
  • Следење на законите и законските измени кои се однесуваат за сите области поврзани со работењето и навремено информирање на одговорните лица;
  • Подготвува информации, анализи, мислења и извештаи за прашања поврзани со имплементација на измени на законски и подзаконски прописи.
  • Подготвува записници од седниците на Управен Одбор и  осигурува  потпишување на одлуките донесени на седниците.
  • Ги изготвува и/или ги проверува правните акти кои се носат на ниво на установата согласно дејноста (одлуки, правилници, договори и др);
  • Следи усогласеност со закон за заштита на лични податоци како офицер за заштита на лични податоци и со други прописи кои се однесуваат на заштитата на личните податоци и со политиките на контролорот или обработувачот во однос на заштитата на личните податоци, вклучувајќи распределување на одговорности, подигнување на свеста и обучување на вработените кои што учествуваат во операциите на обработка, како и врши ревизии за заштита на личните податоци
  • Одговорно лице за извршување на активности за усогласеност на работењето на организацијата со  заштита и безбедност при работа и контакт лице со овластено стручно лице за безбедност при работа.
  • Ги имплементира политиките, стандардите и процедурите на СОС организацијата со посебен осврт на политиката за заштита на децата
  • Одговорен е за имплементација на интернационални политики и стандарди поврзани со транспарентност и отчетност на организацијата и безбедност на вработените

🔍 Што е потребно? 

  • Завршено високо образование - Правен факултет
  • Работно искуство од најмалку 2 години во граѓанско право
  • Работно искуство во областа на социјална заштита ќе се смета за предност
  • Развиени  вештини за деловно комуницирање и коресподенција
  • Професионален однос кон интерни и екстерни клиенти
  • Развиени вештини за работа во тим
  • Добро управување со своето време и ефикасно управување со ресурсите
  • Флексибилност и лесно адаптирање на промени
  • Високо ниво на дискреција и доверливост
  • Познавање на детските и човековите права
  • Познавање на регулативата од социјалната заштита и мерките за поддршка на ранливи категории на граѓани.
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Солидно знаење на англиски јазик
  • Валидна возачка дозвола Б категорија

✍️ Што нудиме?

  • Работно време од понеделник до петок од 8.00 до 16.00 / 9:00 до 17:00
  • Континуирани можности за професионален и личен развој
  • Можност за работа од дома (1 ден во неделата)

🚀 Доколку сте подготвени да инспирирате раст и да поттикнете позитивни промени во нашата организација, аплицирајте најдоцна до 15.01.2025 година! 

Заедно, да изградиме посветла иднина за децата и заедниците! ✨ 

Options

Sorry the Share function is not working properly at this moment. Please refresh the page and try again later.
Share on your newsfeed