Аплицирај за работа во СОС Детско село!
СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”.
СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
Нашите вработени во директна грижа се витален дел од нашиот тим, бидејќи ги поддржуваат децата и младите во истражување на нивните цели и соништа, да ги откријат и споделат нивните уникатни таленти и да бидат активни членови на заедницата.
Ова е Општата база на податоци за собирање апликации за вработување во СОС Детско село.
Добредојдени се апликации од сите заинтересирани профили (психолози, социјални работници, педагози, дефектолози, ССС итн), без оглед на пол, раса, етничка припадност, религиска или сексулана определба итн. Ако позицијата за која сте заинтересирани не е достапна во моментот, аплицирајте во оваа база на податоци и ние ќе ја разгледаме вашата апликација веднаш штом ќе се отвори позиција релевантна за вашето искуство.
Што значи ова за вас?
Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
https://sos.org.mk/
Software Powered by iCIMS
www.icims.com