🌟 Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност.
Ние создаваме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја изградат својата иднина и придонесуваме за развојот на заедниците.
💪 СОС Детско село Северна Македонија го проширува својот тим во канцеларијата во
📍 Струмица (1 позиција)
Имаме потреба од социјален/на работник/чка, психолог, педагог или специјален/на едукатор/ка - рехабилитатор/ка што ќе работи како поддршка на згрижувачките семејства.
📝 Клучни одговорности:
- Стручниот/та работник/чка ќе учествуваат во проценка на кандидатите за згрижувачко семејство и ќе спроведуваат советувања согласно проценети потреби;
- Ќе врши редовен увид на спроведување на стандардите за задоволување на потребите на корисникот во згрижувачко семејство;
- Ќе одржува редовна комуникација со згрижувачките семејства и ќе ја координира мрежата за поддршка за згрижувачките семејства;
- Ќе одржува редовна комуникација со Центрите за социјална работа за потребите на згрижувачките семејства, старателот и водителот на случај за сместен корисник;
- Ја води имплементацијата на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади.
🔍 Што е потребно?
- Високо образование: социјален/на работник/чка, психолог, педагог, специјален/на едукатор/ка-рехабилитатор/ка;
- Работно искуство во областа на заштита на деца (социјална заштита) ќе се смета за предност;
- Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство;
- Познавања на детските права;
- Активно познавање на работа на компјутер;
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач);
- Добри комуникациски и организациски вештини;
- Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност;
- Способност за самостојна и тимска работа.
🚀 Услови за работа:
- Работа на неопределено време (прв договор во траење од 1 година, со можност за продолжување)
- Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, тим билдинг)
- Можност за работа од дома (1 ден во неделата)
📅 Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 03.03.2025 година.
Доколку сте подготвени да направите разлика во животот на децата и да придонесете за безбедна и негувачка средина, ве покануваме да се придружите на нашиот посветен тим. Заедно, да изградиме иднина каде секое дете ќе биде заштитено и ќе може да напредува.
Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за децата и младите!