СОС Детско село е невладина, хуманитарна организација посветена на добросостојбата на децата и младите без родителска грижа, јакнење на семејствата во социјален ризик и поддршка на згрижувачките семејства.
Во рамките на Проектот за развој на индивидуално донаторство, отворена е позиција за:
СОРАБОТНИК/ЧКА ЗА ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ
замена за породилно отсуство
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ: 🛠
📞 Контактирање со актуелните донатори преку различни комуникациски канали (телефон, е-пошта, пошта и сл.).
📋 Следење и спроведување на сите фази од Програмата за лојалност.
📝 Ажурирање на постоечките и внесување нови податоци во системот.
📊 Анализирање на ефективноста на програмата и подготовка на извештаи.
🔍 Решавање на приговори и комуникација со донаторите за нивните предлози и барања.
📈 Поддршка на одделот за индивидуални донатори преку месечни анализи и административни задачи
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: 🎯
✔️ Минимум средно образование.
✔️ Најмалку 2 години искуство во кол центар, телемаркетинг или директна продажба.
✔️ Одлични комуникациски и продажни вештини.
✔️ Познавање на Salesforce или друга CRM платформа ќе се смета за предност.
✔️ Одлични компјутерски вештини, особено работа во Excel.
✔️ Познавање на англиски јазик.
✔️ Прецизност, аналитичност и проактивност во работата.
✔️ Позитивен став, упорност и желба за работа на хуманитарна мисија.
ШТО НУДИМЕ: ✨
📍 Договор на определено време (1 година) – замена за породилно отсуство.
📍 Вклучување во хумана мисија и можност за градење значајни односи со донатори.
📍 Динамична и поттикнувачка работна средина.
📍 Континуирани можности за личен и професионален развој.
🌍 Доколку сакаш да бидеш дел од мисија на СОС Детско село – ова е вистинската можност за тебе!
✨ Стани дел од тимот што менува животи, затоа што -
💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙
⏳ Краен рок за аплицирање: 31.03.2025
Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.