Стручен/на работник/чка за поддршка на згрижувачки семејства - Струмица

Additional Locations MK-Skopje
Posted Date 2 weeks ago(10/04/2025 09:28)
National Association
Macedonia
Function
Educational/social/mental & physical health
Position Type
Unlimited Full-Time

 

💪 СОС Детско село Скопје го проширува својот тим во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства - регионална канцеларија во

 

📍Струмица (1 позиција)

 

Стручен/на работник/чка за поддршка на згрижувачки семејства – Струмица

    

  

      Имаме потреба од стручно лице (дипломиран психолог, социјален работник, специјален едукатор/рехабилитатор или педагог) кое ќе работи на поддршка на згрижувачките семејства во Југо источниот регион.

 

📝Клучни одговорности: 

  • Стручна поддршка на згрижувачки семејства во југо-источен регион;
  • Редовни посети во згрижувачките  семејства;  
  • Комуникација со згрижувачките семејства
  • Помош при обезбедување на  полесен пристап до мрежа за поддршка за сместени корисници;  
  • Соработка со Центрите за социјална работа;
  • Промоција на згрижувачките семејства во регионот
  • Спроведување на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади.  

🔍Што е потребно? 

  • Високо образование во областа на психологија, социјална работа и политика , педагогија или специјална едукација со рехабилитација
  • Пожелно е работно искуство во областа на заштита на деца (социјална заштита);  
  • Познавања на детските права; 
  • Активно познавање на работа на компјутер;
  • Пожелно е возачка дозвола Б категорија
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Емпатија и разбирање за потребите на згрижувачите и потребите на сместените деца

📅 Ве молиме пополнете инфорации и испратате професионална биографија најдоцна до 05.05.2025 година.

Доколку имате потреба од поддршка при апликација јавете се на бројот 075 277 447.  

 

Доколку сте подготвени да направите разлика во животот на децата и да придонесете за безбедна и негувачка средина, ве покануваме да се придружите на нашиот посветен тим.

Заедно, да изградиме иднина каде секое дете ќе биде заштитено и ќе може да напредува. 

Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за децата и младите! 

 

Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа. 

Options

Sorry the Share function is not working properly at this moment. Please refresh the page and try again later.
Share on your newsfeed