Специјалист/ка за застапување и комуникација

Additional Locations MK-Skopje
Posted Date 1 day ago(01/08/2025 14:24)
National Association
Macedonia
Function
Advocacy
Employment type
Limited Full-Time

СОС Детско село е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Организацијата делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права. 


СПЕЦИЈАЛИСТ/КА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА


📍 Локација: ул. Ристо Шишков, 31 Скопје
📅 Рок на аплицирање: 31.08.2025
🕒 Вид на ангажман: Проектна позиција со времетраење до 3,5 години
📌 Проект: „Право на семејство II - подобрување на достапноста, пристапноста и квалитетот на згрижувачките семејства и услугите во заедницата.“

 

СОС Детско село Северна Македонија, која што работи на унапредување на правата и добростојбата на децата, објавува оглас за вработување на Специјалист/ка за застапување и комуникации, кој/а ќе биде клучен/на во развој и реализација на активности за застапување и комуникација со клучни партнери и соработници на организацијата.  Доколку имате искуство и страст за унапредување на детските права и искуство во комуникација, промовирање на јавни политики ве повикуваме да аплицирате.

 

🔹 КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ: 

  • Развивање и имплементација на застапувачки стратегии за унапредување на правата на децата 
  • Следење и анализа на политики и законодавство поврзано со социјална заштита и детска благосостојба 
  • Воспоставување и одржување на партнерства со институции, локални власти, медиуми и граѓански организации 
  •  Подготовка на брифови и документи за политики и препораки, извештаи и комуникациски материјали за застапување 
  • Организирање на јавни настани, тркалезни маси и средби со носители на одлуки 
  • Поддршка на активности за подигнување на јавната свест за правата на децата 
  • Учество во подготовка на проекти и извештаи до донатори 

 

🧩 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ: 

  • Високо образование во областа на општествените науки, право, политички науки, јавна администрација или сродни области 
  •  Најмалку 3-5 години релевантно работно искуство во застапување, социјална заштита или детски права 
  • Одлични  комуникациски и презентациски вештини 
  • Одлични вештини за вмрежување и преговарање  
  • Искуство во работа со институции и граѓански сектор 
  • Познавање на националниот систем за социјална заштита и законодавството за заштита на децата (предност)  
  • Познавање на проектен менаџмент, искуство во имплементација на проекти и комуникација со донатори 
  • Способност за самостојна работа и тимска соработка 
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик (усно и писмено) 

 

💻КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ И ПРОГРАМИ: 

  •  Одлично познавање на MS Office пакет (особено Excel, Word и PowerPoint) 
  •  Искуство со Microsoft Teams и Outlook за комуникација и координација 
  •  Познавaње на алатки за проектен менаџмент:  
  • Вештини за користење алатки базирани на вештачка интелигенција (AI) за креирање содржини, анализа на податоци и оптимизација на комуникациски материјали (ChatGPT, Canva AI, Grammarly, итн.)

 

🔔Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика! 

💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙

 

Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.

СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.

 

Options

Sorry the Share function is not working properly at this moment. Please refresh the page and try again later.
Share on your newsfeed