СОС Детското село С. Македонија е Здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
Здружението на граѓани СОС Детско село С. Македонија ја објавува следната позиција:
🎯 СОС ПРЕТСТАВНИК/ЧКА НА ТЕРЕН
со локација во Битола
🤝 Биди дел од мисија што менува животи!
СОС Детско село С. Македонија бара комуникативни, мотивирани и хумани луѓе кои ќе ја шират нашата порака и ќе ја зголемат мрежата на СОС Пријатели.
🔍 Што бараме:
✔️ Способност за работа на терен и директна комуникација со граѓаните
✔️ Одличен/на комуникатор/ка
✔️ Искуство во продажба или промоција
✔️ Одлични преговарачки вештини
✔️ Ориентираност кон остварување цели
✔️ Тимски играч со позитивна енергија
✔️ Посветен/а на хуманитарна цел
💼 Нудиме:
⏰ Скратено работно време (4 часа)
📅 Флексибилни работни денови
💸 Редовна плата + стимулативни бонуси
🌍 Искуство во интернационална невладина хуманитарна организација
📚 Обука и можност за напредување
👫 Градиме различни тимови, поради тоа што веруваме во различности – охрабруваме кандидати од сите возрасни групи да аплицираат.
💬 Твоите комуникациски вештини можат да променат нечиј живот. Стани СОС Претставник – бидејќи хуманоста е најсилниот аргумент.
📧 Аплицирај најдоцна до 20.10.2025
Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.
Software Powered by iCIMS
www.icims.com