Телемаркетинг специјалист/ка

Additional Locations MK-Skopje
Posted Date 6 days ago(21/10/2025 16:23)
National Association
Macedonia
Function
Fund Development
Employment type
Unlimited Full-Time

СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.  

Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права. 

 

Со цел јакнење на Одделот за фандрејзинг и комуникации, бараме одговорна и комуникативна личност за позицијата:

 

  

📞 ТЕЛЕМАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ/КА

 

 

🎯Мисија на позицијата:
Да се поддржи хуманитарната мисија на организацијата преку директна комуникација со индивидуалци и компании, со цел обезбедување донации и градење долгорочна поддршка за децата без родителска грижа.

 

🔹 Главни задачи и одговорности:

  • Телефонска комуникација со потенцијални донатори
  • Презентација на мисијата и проектите
  • Поттикнување на донации преку емпатична комуникација
  • Водење евиденција за повици и резултати
  • Соработка со CRM тимот
  • Следење на цели и подготовка на извештаи
  • Извршување административни задачи

🔹 Потребни квалификации и вештини:

  • Средно образование (минимум)
  • 1+ година искуство во телемаркетинг, телепродажба или кол центар
  • Искуство во непрофитен сектор ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Емпатија, трпение и способност за градење доверба
  • Основно познавање на CRM системи (Salesforce ќе се смета за предност)
  • Добри компјутерски вештини (особено Excel)
  • Тимска ориентација и мотивација за хуманитарна работа
  • Прецизност, аналитичност и проактивност
  • Добро познавање на англиски јазик

🔹 Работни услови:

  • Договор на 1 година, со можност за продолжување
  • Флексибилно работно време, со смени од понеделник до сабота
  • Почетна обука и континуирана поддршка
  • Мотивирачка и хуманитарна работна атмосфера

 

📧 Аплицирање:

Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до 05.11.2025

 

🔔Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!   

💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙 

 

 

Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа. 

СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење. 

 

 

Options

Sorry the Share function is not working properly at this moment. Please refresh the page and try again later.
Share on your newsfeed