ВОСПИТУВАЧ/КА

Additional Locations MK-Skopje
Posted Date 6 hours ago(14/11/2025 10:47)
National Association
Macedonia
Function
Child Protection and Safeguarding
Employment type
Limited Full-Time

СОС Детското село Скопје претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права. 

Во рамки на единиците за организирано живеење со поддршка го прошируваме тимот со цел да обезбедиме поквалитетна грижа и поддршка  на младите и вработуваме:

 

ВОСПИТУВАЧ/КА

 

  

📢 Во потрага сме по комуникативни, емпатични личности, сензибилизирани за работа со ранливи категории, со отвореност и толеранција кон различности, кои ќе ги поддржуваат и насочуваат младите без родителска грижа на возраст од 14-18 години во нивниот развој кон независност и автономија.  

🚀 Нашите вработени во директна грижа се витален дел од нашиот тим, бидејќи ги поддржуваат децата и младите во истражување на нивните цели и соништа, да ги откријат и споделат нивните уникатни таленти и да бидат активни членови на заедницата.  

 

📝 Клучни одговорности:  

  • Организирање на секојдневниот живот и активности со младинците,
  • Поддршка при формално и неформално учење, рекреација и одржување на куќна хигиена,
  • Градење стабилна, доверлива релација со младите,
  • Улога на ментор и поддршка при транзиција кон независен живот.

 

🔍 Потребни квалификации: 

  • Завршено средно образование или високо образование од (предност со општествени науки)
  • Искуство во работа со адолесценти (минимум 1 година ќе се смета за предност)
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик 
  • Основни компјутерски вештини (MS Office, Интернет) 
  • Активен возач (Б категорија)

 

💼  Услови за работа: 

  • Работа на полно работно време
  • Договор на 1 година  
  • Работа во смени (8 и 12 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа на празници и за викенди, според однапред утврден распоред
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки, активности за јакнење на тимот итн)
  • Поддржувачка, инклузивна и фер работна средина
  • Работа со јасна мисија и реално влијание

 

📅 Аплицирај најдоцна до 28.11.2025 година

 

💬 Зошто да се придружиш?

Ако посакувате работна средина во хуманитарна организација со интернационални стандарди во која ќе менувате животи и правите разлика во општеството, имате можност да бидете дел од нашиот посветен тим каде секој е почитуван.  

 Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за младите!

 

 

🔒Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.

 

СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.

 

 

 

 

 

Options

Sorry the Share function is not working properly at this moment. Please refresh the page and try again later.
Share on your newsfeed