Советник/чка - Психолог

Additional Locations MK-Kavadarci
Posted Date 2 days ago(16/12/2025 12:20)
National Association
Macedonia
Function
Family Strengthening
Employment type
Limited Full-Time

СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.  

 

За реализација на активностите од Проектот: „Право на семејство II“, се огласува нова позиција за 1 (едно) работно место: 

  

 

СОВЕТНИК/ЧКА - ПСИХОЛОГ 

 
 

📍 Локација: Кавадарци  

📌 Проект: „Право на семејство II – подобрување на достапноста, пристапноста и квалитетот на згрижувачките семејства и услугите во заедницата.“ 

📅 Рок на аплицирање: 11.01.2026 г.

 

 

🎯КЛУЧНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ: 

 

  • Спроведување на индивидуално и групно советување за родители и деца 
  • Подготовка на психолошки наоди и мислења 
  • Следење и процена на психо-физичката состојба на корисниците 
  • Организација на групи за само-помош и заеднички активности 
  • Психо-социјална поддршка при кризни ситуации 
  • Соработка со ЦСР, институции и граѓански организации 

 

🌟ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КОМПЕТЕНЦИИ: 

 

  • Високо образование од областа на психологија 
  • Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство 
  • Компетенции за креирање и спроведување на обуки 
  • Напредни познавања за детски права 
  • Познавање на англиски јазик и работа на компјутер 

 

🧠 ЛИЧНИ ВЕШТИНИ: 

 

  • Тимска работа 
  • Одлични комуникациски и организациски вештини 
  • Проактивен пристап кон работата 
  • Емпатија и способност за градење доверба 
  • Активен возач 

 

💼 ШТО НУДИМЕ: 

 

  • Работа во меѓународна организација со силна мисија и вредности 
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки, тим билдинг) 
  • Проектна позиција со договор на определено време од 1 година, со можност за продолжување до завршување на проектот (до 2029 година)
  • 1 ден во неделата – работа од дома   

 

📬 КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ:  

Испратете професионална биографија најдоцна до 11.01.2026 година  

 

🔔Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!    

💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙  

 

Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа. 

СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење. 

Options

Sorry the Share function is not working properly at this moment. Please refresh the page and try again later.
Share on your newsfeed