Соработник/чка за Програма за лојалност

Additional Locations MK-Skopje
Posted Date 3 days ago(22/05/2026 12:09)
National Association
Macedonia
Function
Administration
Employment type
Limited Full-Time

Соработник/чка за Програма за лојалност

Придружи се на тим кој прави разлика — за децата, за семејствата, за заедницата.

 

СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал — водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка.

За потребите на Проектот за развој на индивидуално донаторство, бараме одговорна и мотивирана личност која ќе биде клучна алка во директната комуникација со нашите донатори.

🎯  Главни одговорности

  • Редовно ги контактира актуелните донатори преку различни комуникациски канали (телефон, е-пошта, пошта и сл.)
  • Доследно ги спроведува и следи сите фази на Програмата за лојалност
  • Одговара и решава приговори и предлози на индивидуалните донатори
  • Ги ажурира постоечките и внесува нови информации во базата на податоци (CRM)
  • Континуирано го следи статусот и ефективноста на Програмата за лојалност
  • Подготвува редовни неделни извештаи за работата и постигнувањата
  • Врши месечни анализи согласно потребите на Одделот за обезбедување средства
  • Извршува помошни административни задачи

✨  Потребни квалификации

  • Завршено најмалку средно образование
  • Најмалку 2 години искуство во кол центар, телемаркетинг или директна продажба
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Прецизност, аналитичност и проактивност во работењето
  • Оптимизам, упорност и искрена желба да придонесе за хуманитарна цел
  • Добро познавање на англиски јазик

⚠️  Задолжителни технички вештини — ќе биде спроведено тестирање

•      Напреден Excel — pivot табели, сложени формули, анализа на податоци

•      CRM платформи — Salesforce или еквивалентна (работно искуство, не само познавање)

 

🏢  Работни услови

  • Работен ангажман на определено време од 1 година (со можност за продолжување)

🕒  Работно време — хибриден модел

•      Понеделник – петок, во две смени по договор:

  →  Утринска смена: 08:00 – 16:00

  →  Попладневна смена: 11:30 – 19:30

•      Секоја втора сабота: 11:00 – 14:00

  • Работа во организација со силна мисија и вредности
  • Програма за благосостојба на вработени
  • Континуирани можности за личен и професионален раст и развој

📩  Начин на аплицирање

Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до 05.06.2026.

Само кандидати кои ги исполнуваат задолжителните технички услови ќе бидат поканети на тестирање и интервју.

Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени исклучиво за целите на регрутирањето. СОС Детско село практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади. Организацијата активно се залага за родова еднаквост.

Options

Sorry the Share function is not working properly at this moment. Please refresh the page and try again later.
Share on your newsfeed