Придружи се на тим кој прави разлика — за децата, за семејствата, за заедницата.
СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал — водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка.
За потребите на Проектот за развој на индивидуално донаторство, бараме одговорна и мотивирана личност која ќе биде клучна алка во директната комуникација со нашите донатори.
⚠️ Задолжителни технички вештини — ќе биде спроведено тестирање • Напреден Excel — pivot табели, сложени формули, анализа на податоци • CRM платформи — Salesforce или еквивалентна (работно искуство, не само познавање) |
🕒 Работно време — хибриден модел • Понеделник – петок, во две смени по договор: → Утринска смена: 08:00 – 16:00 → Попладневна смена: 11:30 – 19:30 • Секоја втора сабота: 11:00 – 14:00 |
Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до 05.06.2026.
Само кандидати кои ги исполнуваат задолжителните технички услови ќе бидат поканети на тестирање и интервју.
Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени исклучиво за целите на регрутирањето. СОС Детско село практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади. Организацијата активно се залага за родова еднаквост. |
Software Powered by iCIMS
www.icims.com