СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”.
СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
Нашите вработени во директна грижа се витален дел од нашиот тим, бидејќи ги поддржуваат децата и младите во истражување на нивните цели и соништа, да ги откријат и споделат нивните уникатни таленти и да бидат активни членови на заедницата.
👉 Во СОС Детско село веруваме дека вистинската сила на организацијата се луѓето.
Не секогаш вистинските кандидати ги наоѓаме преку активни огласи. Понекогаш тие кандидати самите ни се јавуваат, со желба да придонесат, да растат и да направат разлика.
Затоа ја отвораме нашата база на кандидати (Talent Pool).
Ги покануваме сите заинтересирани кои сакаат нивната работа да има значење да се пријават и да станат дел од нашата мрежа на таленти.
👥 Кого бараме?
Ги охрабруваме да аплицираат професионалци од различни области, особено:
…како и сите останати професионалци кои поседуваат вештини и вредности усогласени со нашата мисија.
🎯 Што значи ова за Вас?
Со поднесување на Вашата апликација...
🌱 Зошто СОС Детско село?
💡Денес можеби немаме отворена позиција за Вас.
Но утре можеби токму Вие ќе бидете дел од приказна што менува живот.
📌 Ова не е апликација за конкретна позиција, ова е апликација за идни можности.
Испратете ја Вашата апликација и останете поврзани со СОС Детско село.
🔒 Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.
Software Powered by iCIMS
www.icims.com