📢 ПОВИК ЗА НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ/КА ИЛИ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ
Краен рок за доставување понуди: 01.10.2026
СОС Детско село објавува повик за ангажирање надворешен експерт/ка или експертски тим за изработка на Проценка на потреби за деца без родителска грижа и деца во ризик да ја загубат родителската грижа.
Проценката ќе се спроведува во Скопскиот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион и ќе послужи како основа за идно програмско планирање, партнерства и застапување на СОС Детско село.
Период на ангажман: 05 октомври – 15 декември 2026
Препорачан ангажман: 35 експертски дена
Може да се пријави индивидуален/на експерт/ка или експертски тим. Се бара релевантно професионално искуство во проценки на потреби, истражувања или евалуации, познавање на правата на детето и системот на социјална и детска заштита, како и искуство со квантитативни и квалитативни истражувачки методи.
Понудата треба да содржи писмо за интерес, техничка понуда со методологија и работен план, биографии и релевантни референци, финансиска понуда и изјава за достапност и непостоење судир на интереси.
📩 Понудите се доставуваат на: melina.tagarinska@sos.org.mk
Предмет: „Понуда – Проценка на потреби“
📅 Краен рок: 01 октомври 2026 година
👉 Деталните услови за ангажман, опфатот на задачата, очекуваните резултати и бараниот профил се наведени во приложениот Terms of Reference (ToR).
Software Powered by ICIMS
www.icims.com