📢 ПОВИК ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ / КА

Additional Locations MK-Skopje
Posted Date 8 hours ago(15/10/2026 13:05)
National Association
Macedonia
Function
Consultancy
Employment type
Consultancy

📢 ПОВИК ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ/-КА


Краен рок за доставување понуди: 02.11.2026

 

СОС Детско село објавува повик за избор на консултант/-ка за ревизија на методот за пресметка на трошоците за услугата „Стручна помош и поддршка на згрижувачки семејства“, обезбедена од Центар за поддршка на згрижувачки семејства.

Целта на ангажманот е да се направи сеопфатна анализа на постојниот метод за пресметка на трошоците и да се развие ревидиран, транспарентен, реалистичен и практично применлив модел за пресметка, кој ќе ги опфати директните и индиректните трошоци поврзани со обезбедувањето на услугата и ќе придонесе кон нејзино соодветно буџетско планирање и одржливо финансирање.

 

🗓️ Предвидено времетраење на ангажманот: 20 работни дена, распределени во фази на истражувачки дизајн, финансиска и документарна анализа, квалитативно истражување, развој и валидација на методологијата и финализација на резултатите.

 

Од кандидатите се очекува релевантно образование и најмалку 5 години професионално искуство, вклучително искуство во истражување и анализа на јавни политики, анализа и моделирање на трошоци или финансиска анализа на социјални услуги, развој на методологии и работа со повеќе засегнати страни.

 

Заинтересираните кандидати и/или институции/организации треба да достават:

  • писмо за изразување интерес;
  • CV;
  • краток опис на методологијата и пристапот;
  • финансиска понуда;
  • референтна листа на претходни релевантни ангажмани.

📩 Понудите се доставуваат на:
melina.tagarinska@sos.org.mk

 

📅 Краен рок: 02 ноември 2026 година

👉 Деталните информации за предметот на ангажманот, методолошкиот пристап, очекуваните резултати и квалификациите се достапни во приложениот Terms of Reference (ToR) ToR_пресметка на трошоци

 

За СОС Детско село
СОС Детско село Северна Македонија е организација која работи во областа на социјалната заштита, детските права и поддршката на деца, млади и семејства, со фокус на зајакнување на системите за грижа, превенција и одржливи решенија за децата и семејствата.

Options

Sorry the Share function is not working properly at this moment. Please refresh the page and try again later.
Share on your newsfeed